Еден од најдобрите млади српски актери Милош Биковиќ пред еден месец стана татко, а сега ја објави првата фотографија со својот син Василиј на социјалните мрежи.
Актерот позираше со широка насмевка, без блуза и со бебето в раце.
– Некои важни работи – напиша до сликата Биковиќ и доби многу лајкови и честитки од обожувачите кои им посакаа среќа и здравје во животот.
Неговиот син се роди само една недела пред актерот да го прослави својот 36-ти роденден на 13-ти јануари.
„Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една стапица – прво добиваш дете, па потоа растеш“ – изјави Милош Биковиќ неодамна.