Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а крајниот рок за нивна замена ќе биде 31 декември 2024.
Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.
Собранието попладнево, со 90 гласа „за“ ги донесе законските измени согласно кои рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...