МВР информира дека шеесет и четиригодишен жител на гостиварско село вчера (8 февруари) во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со А.Н. од Скопје, кој му ветил дека ќе му обезбеди сертификат за положен германски јазик за неговата снаа, а тој за таа услуга однапред му платил 1800 евра.
А.Н. подоцна му обезбедил сертификат, но документот бил фалсификуван.
Се расчистува и документира случајот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...