Халид Бешлиќ четири децении е во хармоничен брак со сопругата Сејда. Во една прилика отворено проговори за својата поубава половина и откри со што го купила на првиот состанок.
-Кога ја запознав сопругата, пеев во кафеана и ја снимив мојата прва песна. Работеше во фабрика за чоколади, па и реков да ја напушти работата, но затоа имав одговорност кон тоа. Благодарение на тоа, заедно сме 40 години и немаме намера да се разделиме до смрт. Тоа е и љубов и навика, но колку човек старее, толку повеќе се сака, рече тој во една прилика пренесуваат српските медиуми.
Халид и Сејда го имаат синот Дино, кој сега е возрасен и успешен во својот бизнис и е гордост на неговите родители.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...