Јордан Ристовски, поранешен ликвидатор, кој воедно е и единствениот државен службеник кој што вратил огромен имот на Македонија, во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, говореше за судбината Македонија Табак, но и за валканите игри на политиката во земјава.
Тој ги обвини Љубчо Георгиевски, Никола Груевски и Јордан Мијалков за „местенка“ во затвор, а појасни и како како успеал да ги разоткрие лагите во судските лавиринти.
- По 33 месеци в затвор и нов процес покренат од обвинителството кое дојде до нови докази бев ослободен од сите обвиненија, наместо да бидам награден како што вели законот, јас бев суден, по нарачка на Георгиевски, Груевски и Мијалков. Скандалот Македонија табак и дел од акциите на оваа форма свои лични интереси имаа и челните политички фигури. Ги повикувам и денес, очи в овчи да ги спротиставиме аргументите, вистината докажав дека е на моја страна. Не може од факултет веднаш да се стане премиер или политичар, дојде време кога политиката наместо вештина за владеење, се живее како вештина за лажење“, потенцираше Ристовски.
Целото интервју може да го проследите на следниот линк: