Илјадници Грци одат во Бугарија и Северна Македонија за да купат многу поевтини производи, дури и оние кои се извезени таму од Грција, посочи портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, јави дописничката на МИА од Атина.
Авгери ја прашува Владата „дали едноставно се неспособни да се справат со профитерство или се заложници на конкретни интереси?“
Додава дека владината политика континуирано удира по приходите на домаќинствата, а Владата „бесрамно го лаже грчкиот народ“.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...