Теологот Александар Ѓорѓиевски од Повардарската епархија во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 говореше и за улогата на црквата во земјва.
Тој потенцираше дека светиот храм секогаш се грижи да го води човекот кон спасението, потенцирајќи дека на жалост во Македонија народот сè повеќе го „живее“ партискиот менталитет.
- Црквата се води од Евангелието, а тоа значи дека како православен храм ретко го пропагира тоа што го прави за своите верници, како помош низ бројни хуманитарни акции. Црквата има свои ставови и постојани хуманитарни мисии, но поради можното лошо толкување од нашите граѓани, најчесто сме возджани, особено во искажувањето на јавните ставови. Сепак, секоја поддршка кон оваа или онаа страна носи ризик, бидеќи лесно се лепат етикети за некаква политичка припадност, вели Ѓорѓиевски.
Според него, грешен е пристапот на верниците кои мислат дека со Бога може да се раскосуруваат, па веруваат дека со материјални добра може да си ја исчистат душата.
- Со донации кон црквата не се простуваат гревовите на грешниците, тоа се прави со вистинско покајание и секојдневно живеење со молитва и љубов во Бога“, потенцираше Ѓорѓиевски.