На патниот правец А1 Велес – Катланово, во тунелот Катланово денеска ќе се изведуваат градежни работи на пат и сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, известуваат од ЈП „Македонијапат“.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, приспособување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...