Ски центарот Попова Шапка на својата Фејсбук страница информира дека од утре нема да биде во функција.
Прекинот е поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање.
„Ски центарот нема да биде во функција до нови врнежи на снег“, велат надлежните на скијачкиот центар.
Висината на снежна покривка во 7 часот, според Хидрометеоролошкиот завод изнесувала 30 сантиметри во Маврови Анови, 12 во Крушево, 10 на Попова Шапка.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...