Скопје има многу посуштински проблеми со кои секојдневно се соочува и кои треба да ги реши, не е тоа украсувањето, рече во денешното утринско гостување на Слободен печат, директорката на НУ “Охридско лето” , Наташа Поповиќ.
- Можеби требаше порано да се накити градот и да го добие сјајот на соседен Белград, но тоа и не е најголемиот проблем на главниот град, рече Поповиќ.
Таа истакна дека е родена во Битола, но животот го поминала во Охрид, па во Америка, а сега живее во Скопје од каде е нејзиниот сопруг и вели дека не може ниту да замисли да живее во друг град.
- „Родена сум во Битола, татко битолчанец, мајка охриѓанка, сум пораснала во Охрид, потоа животот ме однесе во Америка. Срцето ми е пола за Охрид и Битола. Во Скопје живеам со моето смејство, маж ми е скопјанец. Не би можела да жевеам во друг град освен во Скопје. Во Скопје се случува се. Скопје е убав град, ете елката требаше да биде порано. Еден Белград е накитен пред еден месец, но не ми пречи до толку китењето, во Скопје најмногу ми пречи загадениот воздух. Во Скопје жевеам, сум се одлучила тука да живеам.Охрид е мојата душа, и фала му на господа што со работава ме врати во Охрид. Во Скопје би сакала да нема само загаден воздух и се разбира еднаш за секогаш да се реши сообраќајниот хаос“, вели Поповиќ.
Наташа Поповиќ веќе пет години успешно управува со кормилото на манифестацијата “Охридско лето”, a годинава се закити и со титулата жена на годината од областа на културата за 2023 година, во рамки на манифестацијата “Жени Претприемачки”.