Лицето, што се јавило дека е „отсечено“ од снегот, во викендичка над село Радња, во месноста Гатеново на планината Кожув, а кое прво одбило помош, бидејќи не знаел што да прави со неговите две кучиња, вчера е успешно спасено и евакуирано до својот дом во Кавадарци.
-Лицето, што се јавило дека е „отсечено“ од снегот, во викендичка над селото Радња, во месноста „Гатеново“ на планината Кожув, кое прво одбило помош во понуден оштински „оффроуд“ можен превоз со теренски четирицикл (4х4), бидејќи не знаел што да прави со неговите две кучиња, вчера е успешно спасено и евакуирано до својот дом во Кавадарци. Конкретно, Регионалниот ЦУК Кавадарци известува дека екипа од Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци вчера во со трактор со специјализирана опрема – нож за сечење дрвја, и едно теренско 4х4 возило организирале и извршиле акција за да го извлечат лицето коешто беше завеано во месноста Гетеново, а со себе имале и човек кој го познава добро теренот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Патот до таму е земјен, а висината на снежната покривка е околу половина метар и имало многу искршени гранки и дрвја од тежината на снегот што го попречувале планинскиот земјен пат. Доцна вечерта, Регионалниот ЦУК Кавадарци се јавија и известија дека се слушнале со човекот и дека истиот е дома и во добра состојба. Тој изразил голема благодарност до Општина Кавадарци и на сите инволвирани во неговата безбедносна евакуација, информираа од ЦУК..