Двете девојчиња од струшко, кои од родителите беа пријавени дека се одалечиле од домот, полицијата денес ги пронајде во Скопје.
-Денеска (15.12.2023) полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С.(15) од с.Лажани, струшко и Т.П. (14) од с. Мораишта, струшко и тие ќе бидат предадени на родителите. Двете девојчиња и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и биле враќани, информираат од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...