Актерот Хју Грант (63) неодамна се појави во јавноста на светската премиера на детскиот мјузикл „Вонка“ во Лондон. Актерот искрено рече дека снимањето било „апсолутно ужасно искуство“ за него.
-Не можев повеќе да ја мразам целата работа. Веќе некако мразам да снимам филмови, но бидејќи имам многу деца, ми требаат пари и морам да работам – изјавил актерот кој своето прво дете го доби на 50 години, а во следните осум години доби вкупно пет деца со две сопруги.
Хју ја освои ТВ продуцентката Ана Елизабет Еберштајн во 2012 година, а тие го кажаа судбоносното „да“ во 2018. Имаат три деца, а актерот има син и ќерка со Тинглан Хонг. Интересно е што само три месеци откако доби дете со Ана, тој доби дете и со Тинглан. Тоа значи дека Тинглан и Ана биле бремени во исто време, со разлика од само неколку месеци, пренесува стори.хр.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)