Улогата на Љупчо Палевски – Палчо, во ширењето на проруската пропаганда во кампањите со дезинформации во последните седум години, во фељтонот посветен на главниот осомничен за две грозоморни убиства кои ја потресоа Македонија деновиве.
Името на Љупчо Палевски се споменува уште во времето на пропагандното оцрнување на Заев, СДСМ и ДУИ. Во тој период тој се јавува како гласноговорник во кампањата против „Тиранската платформа“, директно поддржана од Кремљ, и неговите јавни настапи тогаш се користат од пропагандните канали на ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација на навестеното парламентарно мнозинство, предводено од Зоран Заев, и за дискредитација на СДСМ.
Во интервјуто од Васко Евтов, „Заев е камиказа на Али Ахмети“, Палевски е претставен како „најголем критичар на работата на Зоран Заев“, а на прашањето „Дали ќе формира Зоран Заев влада?“, Палевски одговара: „Тешко, скоро невозможно, математички неизводливо“.
Во истото интервју, Палевски дава отворена поддршка на уличните протести кои подоцна кулминираа со насилство во собранието на 27 април, а кои беа поддржани од прапагандата на Кремљ.
Палевски продолжува со оцрнување на Зоран Заив и СДСМ и неколку дена подоцна, во гостување во радио-емисија кај прорускиот пропагандист Слободан Томиќ, Палевски продолжува со оцрнувачки изјави против Зоран Заев и СДСМ, кое е дисеминирано на пропагандните канали на ВМРО-ДПМНЕ, а во кое се акцентираат зборовите „федерализација“ и „албанската платформа“, кои се покажаа како клучни изрази во кампањата со дезинформации на Груевски поддржана од Русија.
На 20.04.2017 година и телевизијата под контрола на Груевски, ТВ Нова реализира интервју со Љупчо Палевски, во кое т.н. „Палчо“ продолжува со пропагандни дискредитации на Заев, Ахмети, СДСМ и ДУИ, кои се ширени преку пропагандните канали на ВМРО-ДПМНЕ, а во кои доминира пораката „Веселата математика на Заев е немање стратегија за освојување на власт“. Во овој период, ТВ Нова прави повеќе прилози со Палевски како гласноговорник против Заев и СДСМ.
Откако новото парламентарно мнозинство избира нов претседател на собранието, Љупчо Палевски останува гласноговорник на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија, тврдејќи дека „Иницијативата ‘За заедничка и Македонија’ и натаму ќе добие во интензитет, зошто Зоран Заев продолжува да биде генератор за конфликите меѓу Македонците“.
Палевски продолжува активно да шири кампања во корист на Русија, а против Заев и на своите профили на социјалните мрежи.
Љупчо Пачевски повторно доаѓа во фокусот на вниманието на јавноста и после промената на власта откако е приведен по барање на СЈО, како што неофицијално наведуваат медиуми, за објавување на прислушуваните разговори на Јутјуб.
По неговото проведување, јавно реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку гласноговорникот Орце Ѓорѓиевски (актуелен градоначалник на Кисела Вода), застанувајќи во негова одбрана со аргументот дека СЈО нема легитимитет да отвора нови истраги, туку ОЈО.
Охрабрен од поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, Палевски почна јавно да му се заканува со шамар на новинарот Бранко Героски: „Доста беше за Герица пљуканица; Кога ќе го сретнам ќе лапа шамар, лично, со селфи“. По оваа закана, откако Героски го информира дека ќе го чека Палевски пред скопскиот локал „Манда“, Палевски му истура боја на Геровски, што беше посебно акцентирано во медиумите под контрола на Груевски, како ТВ Нова.
Во меѓувреме, на своите профили на социјалните мрежи, Палевски и понатаму продолжува активно да шири милитантна кампања за промоција на воените капацитети на Русија.
Дезинформации во полза на Груевски, Палевски продолжува да шири и по дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори 2017 . И по првиот круг од локалните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски доживеа историски дебакл, како гласноговорник на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно се јавува Палевски, кој шири пропагандни дезинформации дека имало „брутален фалсификат на записници на самите изборни места“. И по катастрофалниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ, тој продолжува со политички предвидувања во корист на Груевски, тврдејќи дека на следните претседателски избори во 2019 ќе имало „меч“ помеѓу Црвенковски и Груевски.
И после се на крајот од 2017 година Палчо на својот фејсбук профил со уште една порака за јавноста. Тврди дека „долгорочен МИР на Балканот ќе има кога Македонија ќе граничи со Турција и Русија“. Кратенката МИР е ознака за „Македонија и Русија“.
Со други зборови, во текот на целата 2017 година, Љупчо Палевски Палчо не е само гласноговорник во кампањите на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, туку е и промотор на милитантната империјалистичка политика и пропаганда на Русија на Балканот.
Во истиот период, Палевски е под директна заштита на ВМРО-ДПМНЕ, која ги објавува и шири неговите изјави на партиските пропагандни канали.