Љупчо Палевски- Палчо е фатен во турскиот град Баликесир, рече министерот Оливер Спасовски и ја објасни рутата на движење.
-Вчера кажавме дека негов адвокат со негово возило го превезол во Србија и го оставил во хотел. Од таму наредниот ден го преземало друго лице од Скопје и со џип преку граничниот премин Градина влегол во Бугарија. Ја поминал територијата на Бугарија и влегол во Турција. Отишол во градот Баликесир и нашите служби стапиле во контакт дирекно со полицијата и со нивен оперативен извор, кој за многу кусо време кажа дека лицето се наога во Баликеси. Ни кажа и за намерите, дека сакал да замине во Истанбул. Во Баликесир останал за да се подготви и со такси сакал да тргне во Истанбул. И тука е неговото симулирање дека ќе оди, но се враќа во градот и денес турската полиција е уапсен додека се движел пешки на автопат во Баликесир, рече Спасовски и додаде:
-Излажал дека ќе оди во Истанбул и излегол од Баликесир и тргнал за Истанбул, но пак се вратил во Баликесир. Тоа значи симулација, рече министерот и се заблагодари на сите колеги кои ја следеле руатта на движење на Палчо.
– Им благодарам на колегите од Турција и за сите колеги кои беа по рутата на движењето на лицето, затоа споменав и Србија и Бугарија и Турција, а од Хрватска сами проверувале и информираа дека и тие го бараат за кривично дело. Мораше сето ова да биде потврдено и да добиеме званична потврда од Интерпол на Турција, а придонес дадоа и наши офицери кои работат во Интерпол. Сите посветено работеа, рече тој.