Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата Св. Наум Охридски на Попова Шапка. Лицето кое го симна знамето на МПЦ е приведено. Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост,објави на Твитер Стојанче Ангелов.
Порталот „Тетова сот“ вечерва објави видео на кое се гледа како непознати лица го симнуваат македонското знаме и поставуваат албанско знаме на јарболите веднаш до 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка.
Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...