Бергузар Корел е една од најпопуларните турски актерки откако ја играше Шехерезада во серијата „Илјада и една ноќ“ во 2009 година, пренесува курир.рс.
Таа со години беше критикувана за својот изглед, но сега целосно го промени имиџот. Актерката имаше карактеристична темна, долга коса во серијата, но сега ја обои во руса и носи многу популарна боб фризура.
Корел и нејзиниот сопруг Халит Ергенч беа главните ликови на популарната турска серија која многумина во Србија ја обожаваа. Тие се заљубиле на снимањето на „1001 ноќ“ и ги оставиле тогашните партнери за да бидат заедно.
Халит бил среќно оженет и го чекал своето прво дете со 13 години помладата сопруга Гизем, а потоа се заљубил во колешката со која работел. Бидејќи Халит јасно и кажал дека е вљубен во друга, Гизем решила да ја прекине бременоста. Се шпекулираше дека Халит не ја спречил, туку решил да и плати значителна сума пари и на тој начин да ја заврши брачната и љубовната приказна со неа.