Општина Витлеем на окупираниот Западен Брег денеска соопшти дека нема да одржува традиционални божикни прослави во родното место на Исус поради жал и почит кон убиените Палестинци во Газа.
Општинските власти додадоа дека овогодинешните свечености ќе добијат тажен тон, без светла и традиционално дрво, објави Ал Џезира.
Од општина Витлеем најавија и дека празникот ќе се фокусира на миса и молитви за жртвите од израелската војна во Газа.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...