Бил Гејтс, американскиот милијардер и ко-основач на „Мајкрософт“, на социјалните мрежи објави фотографија на која се спушта во бриселската канализација.
Тој го одбележа 19 ноември, Светскиот ден на тоалетот, во подземјето на главниот град на Белгија.
Меѓутоа, во објава на Линкдин, Гејтс објасни дека не влегол во вистинска канализација, туку во нејзиниот музеј во тој град.
– Беше одлично да се посети музејот за отпадни води на околу девет метри под Брисел – рече Гејтс.
Тој додаде дека „научил многу за изненадувачката историја на системот за отпадни води во овој град и како научниците ги тестираат отпадните води за ковид, детска парализа и други заразни болести за да ги одржат луѓето здрави“.