МВР информира за трагедија, која се случила во населбата Драчево. Станува збор за сомнение дека син со остар предмет си убил татко.
-На 08.11.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода А.П.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во домот со остар предмет го убил својот татко Б.П.(75) од Скопје. Смртт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.