Психологот и поранешна директорка Биљана Ивановска повторно е вратена на директорската функција во Општата болница – Куманово. Ивановска беше разрешена од министерот за здравство, Фатмир Меџити и тоа само еден месец откако беше избрана на јавен конкурс. На нејзино место беше именува урологот Фати Џемаили, кој пак остана само три недели да раководи со болницата.
Нема објаснување од Меџити за директорските рокади.
Но, оваа промена предизвика реакција на партиските опоненти на актуелната власт.
Алтернатива од Куманово се огласи со соопштение, во кое вели дека Фатмир Меџити си игра со достоинството на кумановските лекари.
-Пред речиси еден месец за директор на Кумановската болница е избран д-р Фати Џемаили, успешен уролог во болницата Куманово, на предлог на министерот Фатмир Меџити и со политичка поддршка на Алијансата за Албанците. Веднаш по именувањето на докторот на директорската позиција, се врати поранешната директорка на болницата, психологот Билјана Ивановска, која имаше политичка поддршка од СДСМ. Оваа постапка на министерот Фатмир Меџити и на Алијансата за Албанците е несфатлива за пошироката јавност, а особено за кумановците кои се надеваа на позитивна промена на ситуацијата“, реагираа од Алтернатива.