Познатиот пејач Роби Вилијамс откри дека се соочува со андропауза која кај мажите ја нарекуваат менопаузата.Тој рече дека косата му се проретчува, либидото му се намалува, а боледува од летаргија и несоница. Истакна дека и неговиот поранешен начин на живот го направил своето, но и дека планира да оди кај пластичен хирург.
Роби Вилијамс во февруари ќе наполни 50 години, тој рече дека е уморен и лишен од важни хормони.
-Косата се проретчува, тестостеронот ја напушти зградата, серотонинот навистина го нема, а допаминот одамна се збогуваше. Ги потрошив сите природни добри работи. Добив климакс. Ќерка ми ми вели: „Тато е мрзлив“. Не ми се допаѓа терминот „мрзлив“ бидејќи така ме опишуваа кога бев помлад. Реалноста е дека сум целосно исцрпен од она што си го направив во 90-тите и делумно во 2000-тите – изјави тој за Сан.
Планира да го подигне вратот од 20.000 фунти.
Тој рече дека сликата за пластичната хирургија во јавноста се базира на лоши примери и дека всушност 90 проценти од јавните личности имале одредени корекции, добро направени кои не се забележуваат.
-И јас одам во Турција на корекција на забите, барам луѓе кои ги прават најдобрите заби. Сакам да ми кажат: „О, не знаев дека ќе го направиш тоа… Не сакам ТВ заби. Ќе го направам тоа како и подигнување на вратот. Ќе си го подарам тоа следната година.Само ми треба мала помош, тоа е сè.Околу Божиќ одам на консултации, мојот подарок за 50-ти роденден за себе, пренесува курир.рс.