Младите во Струмица од денеска за прв пат имаат свој Младински центар. Сместен во сутеренот на општинската зграда располага со современи и функционални простории и амфитеатар, каде што можат да се реализираат едукативни активности, конференции, предавања, изложби, место каде што младите ќе можат да се собираат да ги реализираат своите идеи и иницијативи и како вистински партнери на општина Струмица активно да учествуваат во нејзиниот развој.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/11/mladinski-10-1024x684.jpg)
Младинскиот центар е и првото предизворно ветување на градоначалникот Костадин Костадинов, што како податок го сподели со претставниците на младинските организации и поголем број гости и пријатели на Струмица.
-Со отворањето на Младинскиот центар уште еднаш потврдив дека за мене и мојот тим, зборот е збор. Струмица центар на младите, беше еден од петте најважни проекти во мојата предизборна програма, а главен столб во него Младинскиот Центар. Во интерес на овој центар уште од првиот ден на мојот мандат се откажав од службениот автомобил што ме следуваше и истиот беше продаден, а средствата ги вложивме во преадаптирањето на неискористениот простор во сутеренот на општинската зграда. Не беше лесно да се преадаптира овој простор кој со години не се користеше, беше магацин и се наоѓаше во многу лоша состојба. Имаше многу работа сето ова да се среди, и планирана и дополнителна која што се јавуваше во текот на преадаптацијата. Беа изведени повеќе градежни зафати за да може овој простор да ја добие бараната намена и функционалност, рече Костадинов.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/11/mladinski-2-1024x684.jpg)
За Младинскиот центар кој е најголем во државата, инвестирани се 7.200.000 денари од буџетот на општина Струмица.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/11/mladinski-5-1024x684.jpg)
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/11/mladinski-4-1024x684.jpg)
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2023/11/mladinski-13-1024x768.jpg)
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)