Турција ја одбележува својата стогодишнина на 29 октомври. По тој повод вчера вечерта во амбасадата на Турија во Скопје се одржа свечен прием.
Пред присутните се обрати амбасаорот Хасан Мехмет Секизкок, кој освен што готите ги потсети на историјата од создавањето на Републиката рече:
-Помина цел век од основањето на Република Туркије под водство на Мустафа Кемал Ататурк. Нашата република е држава чии корени се вкоренети длабоко во минатото. Ататурк беше лидер кој од широка перспектива ги вреднуваше случувањата низ целиот свет. Така, со својот гномски израз „Мир во земјата, мир во светот“, впрочем укажува на фактот дека меѓународниот мир и безбедност се неделиви и дека не можеме да останеме индиферентни наспроти проблемите на други народи. Република Туркије која е позиционирана во регион во кој се спојуваат Балканот, Кавказот, Блискиот Исток и Медитеранот, цел век се грижеше за мирот и стабилноста во глобален план. Воедно и не изостана од испраќање поддршка до многу далечни региони, рече тој и додаде:
-Со векови живееме заедно на Балканот. Заедно го изградивме културното богатство на овие простори. Со задоволство го увидуваме високото ниво на благонаклонетост кон Туркије низ Балканските земји со кои имаме моќни врски во сите области. Воедно со големо задоволство гледаме и дека македонските турци кои се меѓу конституивните народи на оваа земја имаат исклучително место во нашите билатерални односи, рече амбасадорот.
Зборувајќи за Ататурк, амбасадорор рече дека „не би можел во оваа прилика да не ја спомнам накратко врската помеѓу овој великан и Македонија“.
-Како што знаеме, предците на Мустафа Кемал Ататурк потекнуваат од Македонија. Исто така знаеме дека Ататурк во својата младост беше изложен на мултикултурната, мултиколоритната и динамична атмосфера на овие краишта. Овдешните години како еминентен ученик при Воената Академија и во својство на штабен капетан оставиле значаен белег во патот кој се протегал во биднување велики водач. По основањето на Републиката, Ататурк претставуваше извор на надеж и инспирација за други нации. Великанот и со оваа особина остави белег во историјата, рече н.е. Секизкок, а на крај обраќањето го заврши со:
„Со почит и благодарност се сеќавам на Ататурк кој ни ја подари Републиката на нас. Честито сто годишнина на Републиката. За многу сто годишнини…“.