Десетици луѓе беа повредени за време на антиизраелските протести во Истанбул по експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, за која палестинските власти ја обвинија израелската армија.
Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат, при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци, пренесува „Ал Арабија“.
Protesters broke into the Israeli consulate in Istanbul. There are tens of thousands of people on the streets of the Turkish city.
Other parts of the Muslim world are also awake. People in Iran are demanding a declaration of war against Israel, the French embassy in Beirut is… pic.twitter.com/Ucmn5Y3uPR
— Notsuspended (@NotSuspendedTLC) October 18, 2023
Локалната полиција соопшти дека привела пет лица, а на протестот 65-годишен маж имал срцев удар, по што починал во болница. Советот за национална безбедност на Израел вчера ги советуваше израелските граѓани да ја напуштат Турција „што е можно поскоро“ заради нивна лична безбедност. МИА