Од почетокот на конфликтот, повеќе од 1.000 патници од целиот регион се превезени со летовите на „Ер Србија“ од Тел Авив, вели Бошко Рупиќ, директор за комерцијалa и стратегии во „Ер Србија“, пренесува данас.рс.
Полни се и летовите од Белград до Тел Авив – патуваат граѓани на Израел кои сакаат да бидат со своите семејства во оваа ситуација, рече Рупиќ.
Тој посочува дека безбедносната ситуација внимателно се следи и дека дали авионот ќе полета зависи од проценката на ризикот. „Ер Србија“ засега продолжува да лета за Израел четири пати неделно.
На вкупно седум лета на „Ер Србија“, пет редовни и два репатријативни, имало повеќе од 1.000 патници од Србија, Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора.
„Тие списоци се координирани од Министерството за надворешни работи, нашите амбасади, дипломатско-конзуларните претставништва во Израел и нашата земја и други земји“, рече Рупиќ и прецизираше дека еден лет за репатријација е реализиран во соработка меѓу владите на Србија и Северна Македонија.
Авионите на „Ер Србија“ сè уште летаат четири пати неделно за Израел. Повеќето од луѓето кои патуваат во Тел Авив се државјани на Израел кои се враќаат дома – или на покана на државата или сакаат да бидат во ваква ситуација со своите семејства и пријатели.
„Постојат јасно дефинирани безбедносни протоколи кои прво ги следат и ажурираат властите за цивилна авијација на Израел. Ние сме во постојана комуникација со нив, следиме т.н нотами кои се објавуваат, кои ги диктираат условите за навигација каде може да се влезе во земјата, а тоа се коридори, кои се безбедни. Значи, дозволете ми да кажам, безбедноста е на прво место и авионот не би полетал доколку ситуацијата не е безбедна за екипажот, авионот и патниците“, рече Рупиќ.
Тој посочува дека екипажот на тие летови се професионалци кои се горди што учествуваат во таков хуман гест.
„Да се евакуираат луѓето од дестинација која е загрозена по безбедноста и не може само да се каже дека е каков било лет, тоа не е исто како да леташ до Рим или Мадрид и денес до Тел Авив. Сè уште постои хуман гест да им се помогне на некои луѓе кои се нашле на дестинација која моментално е под закана“, вели Рупиќ.