Организаторот на нападите врз Израел и командантот на терористичката организација Хамас, Мохамед Деиф е недофатлив, не се појавува во јавноста, а во ретки случаи објавува видео пораки. Ова е човекот од сенка, познат по името „Гост“, што е директен превод на неговото презиме, но и „мачка со девет животи“. Токму тој со години е цел број еден на Израел, со оглед на тоа дека стои зад многу напади, пренесува нова.рс.
Првиот прекар се однесува на неговата навика да престојува со различни луѓе секоја вечер за да избегне откривање, додека вториот алудира на неговата вештина да избегнува обиди за атентат од Израел.
Неколку часа по ненадејниот напад на Хамас врз Израел, Деиф се појави во снимена видео порака, најавувајќи го почетокот на, како што ја нарече, операцијата „Бура Ал Акса“.
“Доста беше. Решивме да ставиме крај на сето ова“, рече тој во видео пораката, повикувајќи ги Палестинците да се приклучат на борбата.
🇵🇸 Mohammed #Deif, the leader of #Hamas's Izz al-Din al-Qassam Brigades, organised the deadly assault on Israel.
❓ So who is this little-known character who has managed to elude Israel's intelligence services for over 30 years?#IsraelHamasWar pic.twitter.com/Ae161emLrm
— FRANCE 24 English (@France24_en) October 12, 2023
Тој рече дека упадот во Израел е одговор на 16-годишната блокада на Газа, рациите на градовите на Западниот Брег во текот на изминатата година, насилството во Ал Акса и се почестите напади врз Палестинците и севкупниот раст на населбите.
Не се знае точната година кога Деиф му се приклучил на Хамас, постои сомневање дека најверојатно била во 1990 година. Според Скај њуз, тој потоа ја научил уметноста на правење бомби од познатиот производител познат како „инженерот“, Јехја Ајаш.
Деиф е обвинет за организирање серија самоубиствени бомбашки напади од 1995 година и се смета за одговорен за смртта на десетици Израелци.
Тој е заслужен и за создавање на мрежа од тунели под Појасот Газа и дизајнирање на ракетата Касам.
Тој стана шеф на бригадите Касам, воениот огранок на Хамас, во 2002 година, откако Израел го уби поранешниот лидер.
Поранешниот висок член на Хамас, Имад Фалоџи, во 2014 година за Вашингтон пост изјави дека Деиф е успешен во својата работа, бидејќи воопшто не се појавува во јавноста, речиси и да нема негови фотографии.
🚨 #BREAKING: The commander-in-chief of the Martyr Izz El-Din Al-Qassam Brigades, #MohammedDeif, announces the Al-Aqsa Flood battle in a historic speech:
—
“They attacked the stationed worshippers and desecrated Al-Aqsa, and we have previously warned them. The enemy desecrated… pic.twitter.com/xYG0sHHCzV
— Trip (@tripchawi) October 7, 2023
„Се крие меѓу населението и кога патува користи различни идентитети, а се уште е жив, бидејќи се движи во тесен круг на луѓе“, рече Фалоџи.
Дури и единствената позната фотографија од него е онаа направена за лична карта кога имал 30 години. Денес тој има околу 55 години.
Деиф е најбараниот човек во Израел од 1995 година и преживеал повеќе обиди за атентат. Сепак, ниту од еден од нив не остана неповреден. Тој наводно е делумно парализиран и користи инвалидска количка, а во еден од нападите изгубил око и рака.
Во израелскиот воздушен напад во 2014 година, Деиф остана без сопругата и двете деца – сите загинаа во бомбардирањето.
Илјадници луѓе присуствуваа на погребот на семејството Деиф. Ковчегот покриен со бела ткаенина во кој се наоѓало телото на момчето го носел еден од роднините. Ожалостените скандираа „одмазда“ за време на поворката.
Потоа Деиф објави аудио снимка во која се вели дека Хамас избрал да напаѓа војници, а не цивили. Видеото е објавено заедно со фотографии од борците на Хамас кои ја напаѓаат малата израелска воена база во близина на Газа.
Имаше гласини дека бил убиен во септември 2002 година. Претставници на израелското разузнавање потврдија дека Деиф го преживеал нападот.
Деиф е роден како Мохамед Диаб Ибрахим ал Масри во бегалскиот камп Кан Јунис во 1960-тите. Малку се знае за неговото воспитување, освен што студирал природни науки на Исламскиот универзитет во Газа, каде што бил и дел од театарската група наречена Повратници.
.