Џејда Пинкет Смит (52) неодамна откри дека таа и нејзиниот сопруг Вил Смит (55) живеат одвоено седум години, а го коментираше и инцидентот на Оскарите во 2022 година кога Вил му удри шлаканица на комичарот Крис Рок.
Комичарот потоа се пошегува на сметка на Џејда и нејзината скратена коса, резултат на нејзината битка со алопеција. По шлаканицата почнаа гласини дека Џејда го наговарала Вил да направи нешто.
-Неверојатно е колку големо стана. Но, од една страна разбирам. Со оглед на лажниот наратив кој се врти околу мене дека сум прељубник и го изневерувам Вил“, рече Џејда.
-Кога ќе ја погледнете човечката природа, луѓето едноставно секогаш мора некого да обвинуваат. Луѓето не знаеја што се крие зад сето тоа и не бев изненадена што сите ме обвинуваа мене – додала таа.
Џејда рече дека на почетокот мислела дека тоа е скеч.
-Мислев „Нема шанси Вил да го стори тоа“. Но, дури кога почна да се враќа кај него, сфатив дека тоа не е скеч – рекла таа.