Екстремистите на Хамас, според различни извори, држат како заложници десетици Израелци на денот на најжестоките судири меѓу двете страни, кои започнаа во саботата наутро со ненадејни ракетни напади на палестинската милитантна група, пренесува курир.рс.
Едно од најшокантните видеа покажува израелско момче на околу 5 години, кое терористите го киднапирале и го однеле заедно со неговиот брат! Тие се однесени во Појасот Газа и ништо не се знае за нивната судбина. Светот се моли тие да бидат вратени живи и здрави.
Исто така, идентификувана е жена која била повредена и киднапирана од милитантите на Хамас. Се работи за 30-годишната Шани Лук, германски државјанин. Таа дошла во Израел за да учествува на музички фестивал што се одржува во близина на границата со Појасот Газа, но била однесена во непознат правец.
Претставниците на Хамас ги повикаа сите Палестинци да се борат и предупредија дека „нема да има примирје додека не заврши (израелската) агресија и опсада“.
„Нема да прифатиме никакви преодни решенија. Ова е ден на најголемата борба и последен ден од окупацијата“, изјави Мохамед Деиф, висок командант на Хамас.