Најмалку 100 луѓе загинаа во Израел при денешниот напад на Хамас, соопштија локалните власти, а во исто време на социјалните мрежи кружат снимки од улиците на вистински судири.
Најкритична е ситуацијата во градовите најблиску до Газа, каде рано утринава нападнаа милитантите на Хамас откако со булдожери ја урнаа граничната ограда. Според жителите на тие градови состојбата е драматична.
Според Harec, во најмалку два града на југот на Израел, терористите држеле цивили во заробеништво во своите домови. Снимката геолокаирана од Си-Ен-Ен покажува како милитантите пукаат врз цивилите во јужниот израелски град Сдерот.
„Не колат. Нема војска. Поминаа шест часа. Луѓето молат за живот“, изјави денеска Израелец во јужен кибуц.
Жителка на Тел Авив, Гаја изјави за Харец дека разговарала на телефон со нејзината сестра во јужниот кибуц, која и кажала дека милитантите од Газа биле во нејзиниот семеен дом.
„Таа ми кажа дека таа и брат ми и татко ми се криеле во засолниште. Оттогаш не можам да дојдам до нив“.
Гаја додала дека нејзиниот брат и напишал дека во кибуцот има многу жртви, но дека нема војска или полиција.
Израелската армија објави дека до седум и пол наутро над 2.200 ракети летале кон градовите во Израел, а лидерите на Хамас тврдат дека бројката е многу поголема – дури 5.000. Набргу по неочекуваниот напад настанал целосен хаос на улиците, а социјалните мрежи беа преплавени со видеа на повредени луѓе, цивили кои лежат на земја или бегаат од пожарите предизвикани од нападот, како и милитанти вооружени до заби кои им се закануваат на луѓето на улиците.
The moment Palestinian resistance captured Israeli soldiers from inside a Merkava tank.#AlAqsaStorm pic.twitter.com/H19Ycj0pJ8
— Palestine Highlights (@PalHighlight) October 7, 2023
Набрзо се појавија и изјавија дека Хамас киднапира цивили и ги носи во Газа. Израел во попладневните часови потврди дека неговите граѓани биле киднапирани и земени како заложници, но точниот број на киднапирани не е познат. И групата Исламски џихад тврди дека киднапирала Израелци и ги однела во Газа.
BREAKING: Hezbollah militants approached the Israeli border in the north.
The Israel Defense Forces opened fire on them. pic.twitter.com/cgtTS4EOsp
— Hananya Naftali (@HananyaNaftali) October 7, 2023
Еден од функционерите на Хамас изјави дека високи функционери на израелската армија биле заробени, но Израелците тоа го негираа. Сепак, беа објавени видеа на кои се гледа како милитантите клоцаат и газат по војниците.
— NOW: On the border of Lebanon and Palestine
Hezbollah is on standby
⚠️ Allegedly from a zionist military reporter: The information received in Tel Aviv indicates that Hezbollah is on standby; UNIFIL forces closed their bases and left the area.#Israel#Palestine pic.twitter.com/6KqQB9s0M5
— The_anonymous_wave (@anonymouswave1) October 7, 2023