Полициски службеници синоќа на подрачјето на Ѓорче Петров, ги привеле Д.П.(20), Д.М.(19) и двајца малолетници, сите од Скопје, соопшти МВР.
При претрес во домот на Д.П., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.М. и двајцата малолетници, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, семки од растението канабис и дигитална вага, додека кај еден од малолетниците била пронајдена и одземена прашкаста материја.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.