Лицето С.И. (21) од Франција, кое во неговата земја е пријавено за исчезнато, го пронашле полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС.
Како што известуваатод Министерството за внатрешни работи, тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.
По дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, денеска е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11 март годинава.
Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...