Филмот „Нешто слатко“ почна со проекција во повеќе градови низ републиката
„Нешто слатко” – романтичната и питката комедија со актерските ѕвезди: Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја, од премиерната проекција во мај 2023 година до сега, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7000 задоволни гледачи.
Проекцијата на филмот може да се гледа во следните градови и термини: Пробиштип – Дом на култура „Злетовски Рудар” – 22.9, Демир Хисар – Дом на култура „Илинден” – 22.9, Прилеп – Дом на култура „Марко Цепенков” – 25 и 26.9, Св. Николе – Дом на култура „Крсте Мисирков” – 28.9, Кичево – Дом на култура „Кочо рацин” – 28.9, Кратово – Дом на култура „Лазар Софијанов” – 30.9, Куманово – септември (датумот ќе биде дополнително објавен),
Охрид – Центар за култура „Григор Прличев” – 4 и 5.10, Кавадарци – Дом на култура „Иван Мазов” – во првата половина на октомври, Богданци – Дом на култура „Бранд Петрушев” – во првата половина на октомври, Валандово – Дом на култура „25-ти Мај” – исто така кон првата половина на октомври и во Крива Паланка – Центар за култура – по 10 октомври, а наскоро и во кино Милениум, Скопје – кон крајот на септември и октомври.