„Километрима“ е насловот на најновата песна на младиот и познат пејач Огнен Здравковски, која вчера беше објавена на сите музички и социјални платформи, а за помалку од 24 часа таа има скоро 40.000 прегледи.
Ова е одличен показател дека песната има потенцијал да стане голем хит…
Познатиот пејач и за оваа песна како и за претходната, соработуваше со познатиот српски хит-мејкер Саша Николиќ, кој соработува со најголемите музички имиња од српската естада. Тој ја направи музиката, додека пак текстот е дело на одличната Мира Мијатовиќ, а аранжманот е на Аца Крсмановиќ.
Се разбира, песната има и видеоспот и тоа снимен во далечниот и преубав Египет. Покрај Огнен, во видеото се појавува и преубавиот модел Верица Донев, која само дополнително ги разубави кадрите во него…
Спотот е инаку дело на одличните момци од „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски…
„Доста луѓе вложивме многу љубов, труд и посветеност во овој проект. Кога ќе пресметам, за да звучи и да изгледа вака, сигурно работевме дваесетина луѓе. Почнувајќи од музичките соработници, па потоа и луѓето кои го работеа спотот, мои пријатели кои несебично како секогаш ми помагаат. Огромно благодарам до „Фибула травел“ која овозможи да го снимиме спотот во Египет. Сепак, не сакам јас да го фалам проектот, оставам на публиката да го каже тоа. Ако утре песната ја пеат на моите настапи, тоа е доказ дека сме направиле нешто одлично. Искрено, верувам дека ќе се случи тоа“ – истакна Огнен.
Видеоспотот инаку беше објавен на каналот на „Гранд“ продукција, со оглед на тоа дека Огнен е нивни ексклузивец веќе неколку години.
Промоција на песната ќе има и во соседна Србија, каде тој е одлично прифатен од тамошната публика.
Инаку до тогаш, Огнен ќе може да го видите и слушнете во живо на неговите настапи во нашата престолнина, како и дургите градови ширум Македонија…
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460