Вицепремиерот Артан Груби на новинарско прашање за тоа како ќе влијаат изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на Никола Груевски, одговори дека малку можат да влијаат и да му помогнат да се врати.
Во телевизиско гостување, Груби изјави дека невозможно Груевски да се врати слободен во Македонија со законските измени.
– Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија“, рече Груби за ТВ Клан.
Со експресно донесените законски измени голем дел од предметите во кои обвинет е Никола Груевски застаруваат, што ги подгреа шпекулациите дека е отворен пат за неговото враќање во државата.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...