Поранешниот директор на скопска „Комунална хигиена“ Зуди Енузи Кока новиот директор на АД МЕПСО, со одлука на надзорниот одбор. Кока е еден од основачите на Алтернатива за Албанците и прв човек на партискиот огранок во Чаир.
Но, Енузи Кока е многу попознат по инцидентот што го предизвика неговиот брат Јусуф Енузи Кока, кој пукаше во воздух од плоштадот Скендербег во Скопје, додека илјадници демонстранти се движеа по улицата. Братот Јусуф Енузи-Кока беше осуден на 4 месеци затвор, додека Зуди Енузи Кока поднесе оставка од директорската функција во „Комунална хигиена“.
Енузи Кока потоа ја вршење функцијата шеф на кабинетот на сега веќе разрешениот директор на АД МЕПСО, негов партиски колега Сурија Рашиди, кој за да стане директор поднесе оставка од пратеничката функција.