Едни од најстрогите казни во американското судство за случаи со немири, беше изречена на групата, кој упадна во Конгресот на 6 јануари 2021 година.
Водачот на екстремно десничарската партија „Горди момчиња“ Џо Бигс (38) е осуден на 17 години затвор, како поттикнувач на упадот, соопштија обвинителите.
Бигс е осуден за бунтовнички заговор и други обвиненија вклучително и бунтовнички заговор, заплашување или закани со цел да се спречат службениците да ги извршуваат своите должности и мешање во спроведувањето на законот за време на граѓански неред.
Федералниот обвинител Џејсон Мекалоу побара најстрога казна за делото, оценувајќи дека злосторствата се „многу сериозни“, а строгата казна ќе испрати порака пред претседателските избори следната година.
„Има причина зошто колективно треба да внимаваме како се приближуваме до следните избори… Тие ја донесоа земјата до работ на уставна криза“, рече обвинителот.
Друг член на групата „Горди момчиња“ (Proud Boys), Захари Рел, беше осуден на 15 години, исто така под обвинение за бунтовнички заговор. Рел, поранешен американски маринец и водач на огранокот на „Горди момчиња“ во Филаделфија, се гледаше на видео пред Капитол за време на немирите како прска полицајци со хемиски надразнувач. Друг истакнат учесник во немирите, основачот на От Киперс, Стјуарт Роудс, беше осуден на 18 години затвор во мај.
Во документот за изрекување на пресудата, обвинителите рекоа дека Бигс – ветеран од војната во Ирак и поранешен дописник на веб-страницата за заговор Infowars – „го искористил своето воено искуство за да насочува и контролира големи групи мажи под негова команда“ за да води „бунт против владата “.
„Бигс се сметаше себеси и неговото движење како втора американска револуција каде тој и другите „патриоти“ ќе ја вратат владата на сила“, се вели во документот.
На суд, расплаканиот Бигс се извини за своите постапки и рече дека бил „заведен“ од толпата на денот на немирите.
„Само што ми тргна во животот. Ме совлада мојата љубопитност. Јас не сум терорист. Немам омраза во моето срце. Знам дека треба да бидам казнет и разбирам“, изјави Бигс.
Гордите момчиња вклучени во случајот рекоа дека планираат да поднесат жалба на пресудата.
Обвинителите како докази користеа текстуални пораки, објави на социјалните мрежи и видеа за да покажат дека „Гордите момчиња“ биле вклучени во координирани напори да се запре потврдувањето на изборите во 2020 година во Капитол.
Од 6 август, повеќе од 1.100 луѓе беа уапсени под обвинение поврзани со немирите, што резултираше со повеќе од 630 признанија за виновни и 110 пресуди.