Зад затворени врати во Санкт Петербург се одржала „проштална церемонија“ за шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа минатата недела, соопштија неговите портпароли во изјавата на социјалните мрежи денес.
„Оние кои сакаат да се збогуваат“ со водачот на платеници треба да одат на гробиштата Пороховска во Санкт Петербург, неговиот роден град, се вели во соопштението од неговата компанија „Конкорд менаџмдент“.
The funeral service for Valery Chekalov, who died along with Yevgeny Prigozhin in a plane crash, began at the Northern Cemetery in St. Petersburg. pic.twitter.com/8QbdXImgdt
— Sprinter (@Sprinter99800) August 29, 2023
Претходните извештаи на медиумите за погребот споменуваа други гробишта во градот како можни места за погребување на Пригожин, кој е покриен со тајност.
Претходно беше објавено дека Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на Пригожин, изјави во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.