Под влијание на атмосферски фронт утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени.
УХМР во случај на појава на електрични празнења препорачува поголема внимателност, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...