Масимо Сегре, познат банкар и финансиски експерт од Торино, неодамна направил незапаметен скандал, за кој се зборува во цела Италија.
Тој организирал свеченост по повод неговиот роденден и наместо да го објави датумот на свадбата со неговата девојка Кристина, тој обелоденил дека таа го изневерува и тоа го кажал пред педесетината поканети гости.
„Многу сум разочаран и срцето ми е скршено, но ти ја подарувам слободата. Со тебе нема да се оженам. Оди сега со авојот адвокат на одмор на Миконос, сѐ е платено“, изјавил Сегре пред гостите, па во текот на говорот споменал дека таа имала уште една афера за која тој дознал.
Кристина, која инаку е претприемничка, целиот говор го слушала молчејќи. Снимката која беше објавена потврува дека меѓу сите присутни владеела тишина и страшно непријатна ситуација.
Масимо и Кристина ја почнале нивната врска во март 2020 година. На крајот на јули истата година тие направила свршувачка, а нивните блиски очекувале дека ќе се венчаат во октомври. Тие соработувале и деловно, па по настанот продолжиле да се препукуваат преку медиумите.
„Кога го почна говорот, мислев дека се шегува. Меѓутоа, тогаш се скаменив. Тоа беше гест на насилство, останав во шок“, изјавила Кристина.
По ова, Масимо преку медиумите ѝ упатил писмо во кое наведува дека кажувањето на вистината не претставува насилство.