Две починати лица се пронајдени вчера во нивните домови, во два одделни случаи во Скопје и Битола, соопшти МВР.
-Ј.Ш. од Прилеп, вчера во 10 часот во СВР Скопје, пријавила дека на ул. „Козле“ во Скопје го пронашла починат нејзиниот татко З.Ј.(62). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.
-Во 14.52 часот во СВР Битола, вчера, било пријавено дека во домот во село Добрушево, Прилепско, била пронајдена почината В.И.(79). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
И во двата случаја по наредба на јавни обвинители телата се предадени на обдукција.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...