Случувањата во Франција во врска со случајот со брутално силување и тортура на 29-годишна жена во Шербур, која се бори да остане жива по она што го претрпе од рацете на 18-годишен маж предизвикуваат шок.
Жената била повеќепати силувана, а насилникот употребил дури и метла, при што и нанел сериозни внатрешни повреди.
Невидените работи кои излегоа на виделина го шокираа француското јавно мислење. Умар Н упаднал во домот на жената во Шербур на 4 август, ја фатил за врат и повеќепати ја удирал по лицето и телото. Потоа ја одвлекол во собата каде што ја силувал „неколку пати“.
Тој потоа ја оставил со скршени ребра, перфорирано дебело црево и други сериозни повреди на нејзините внатрешни органи.
И покрај повредите, жената успеала да дојде до телефонот и да повика брза помош, која веднаш ја однела во болница, каде била оперирана со часови за да и се спаси животот.
Според локалните медиуми, цитирани од британскиот весник, лекарите и медицинските сестри кои биле сведоци на жртвата биле толку шокирани од бруталноста на нападот што некои заплакале.
Жената се уште е во кома.
Што се однесува до сторителот, полициски извори за весникот „Фигаро“ изјавија дека тој веќе е под истрага за сексуален напад на неговата 12-годишна сестра минатата година.
Се дозна дека 18-годишникот пет пати бил осудуван од судовите за малолетници за насилничко однесување и уништување имот.
Полицијата го идентификувала Уман Н. од отпечатоците што ги оставил во куќата на жртвата. Исто така и од отпечатокот од неговиот мобилен телефон, што го оставил во куќата на жртвата во моментот на нападот.
Младиот човек е уапсен во станот на неговата мајка. За време на сослушувањето, тој „не покажал ни трага на сочувство или каење“ кон жртвата и негирал се, додека не бил информиран дека властите му ги пронашле отпечатоците од прстите во домот на 29-годишната.
Пред да падне во кома, жртвата на нападот наводно им кажала на полицајците дека го видела младиот човек во градот, но не го познавала лично, пренесува e-radio.gr .