Безбедносните служби на Украина (СБУ) соопштија дека уапсиле руски шпион кој „подготвувал руски удар на регионот Миколаев за време на посетата на претседателот на Украина“, пренесува Си-Ен-Ен.
Наводниот шпион непосредно пред патувањето на Володомир Зеленски во регионот Миколаев наводно собирал разузнавачки информации за неговата посета.
Зеленски го посети регионот кон крајот на минатиот месец, а од страна на СБУ беше соопштено дека наводниот шпион се обидел да го утврди времето и списокот на локации и рути на претседателот на Украина на територијата на регионот.
Меѓутоа, агентите дошле до информации за „субверзивни активности на осомничениот“ и активирале дополнителни безбедносни мерки.
Со следење на комуникацијата на шпионот-жена, службите утврдиле дека таа исто така имала задача да ја идентификува локацијата на системот за електронско војување и складиштата за муниција на вооружените сили. Според истрагата, извршителот сушност била жител на југот на Украина и продавачка во воена продавница на територијата на една од воените единици во регионот.