„Црните листи“ се добри но само ако се почитуваат и се спроведуваат, кажа во денешното гостување во емисијата Стадион, Методија Коловски од Обединетата македонска дијаспора.
„Не може да се биде човек на „Црна листа“ а нашите институции од САД, амбасади, личности од амбасади, амбасадори и понатаму да се среќаваат со тие луѓе. На пример Медух Тачи, тој е на „Црна листа“,а од американската амбасада редовно се среќаваат со Медух Тачи. Градоначалникот на Струга, рамиз мерко сега е на „Црната листа“, не дека бил во Америка, не ни знам, ниту пак ме интересира, но навистина ако се прават тие „Црни листи“ би требало целосно да се прекинат контактите со тие личности,“ кажа Коловски.
Според него, на луѓето на тие листи, треба да им се ускрати било каква поддршка или градење на рејтинг.
Целата емисија Стадион проследете ја следниот линк