Центарот за управување со креизи (ЦУК) соопшти дека холандскиот параглајдерист е имобилизиран од спасувачките екипи и веќе со хеликоптер се транспортира за Скопје по што ќе го преземе медицински тим.
Според ЦУК, параглајдеристот има сериозни повреди на р’бетот.
-Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст – Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист. Поради сериозните повреди на р’бетот параглајдеристот е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата, а со помош на полициските специјалци од Тигрите е сместија во хеликоптер на МВР. Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим, информира ЦУК.
Од МВР, пак, информираат дека полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се упатени на планината Галичица.
– Тие се подготвени за уште една спасувачка акција, откако денеска (02.08.2023) во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината, информираат од МВР и најавуваат повеќе инфо по завршување на активностите.