Невреме со урагански ветрови синоќа го зафати северозападниот дел на Словенија, штети се забележани и во источниот дел, јавија словенечките медиуми. Торнадо го зафати подрачјето на Илирска Бистрица во југозападниот дел на Словенија.
Лошото време со обилни дождови и силен ветер предизвика големи штети во Словенија, објави словенечкиот сајт 24ур. Словенечката Служба за заштита и спасување добила 69 пријави за штети во текот на ноќта, при што силните налети на ветерот однеле покриви од куќи и паѓале дрвја.
🌪 Nekaj čez 20. uro se je nad Ilirsko Bistrico razvil tornado.
🌪 Vidi se razmeroma širok vrtinec znotraj katerega so prisotni tudi zelo močni, a majhni vrtinci, ki imajo premer le nekaj metrov.
Zaradi omejitve dolžine je video skrajšan. Poslal nam ga je Klemen Bergoč.#tornado pic.twitter.com/JurpI9b5KV
— ARSO vreme (@meteoSI) August 1, 2023
Ветер со брзина од 107 км/ч е пријавен на станицата „Косезе“ кај градот Илирска Бистрица, објави словенечката Агенција за животна средина. Торнадо го зафати селото Косезе. Посилни налети немаше во поширокиот регион.
„За среќа, ова е краткотраен феномен кој функционира во многу тесен опсег. Екипите за интервенција веќе ги покриваат првите (оштетени) покриви, но тие беа спречени од дождот, бидејќи торнадото беше проследено со невреме“, рече градоначалникот на Илирска Бистрица, Грегор Ковачиќ. МИА