Бигорот е чест проблем во бањата, кај туш-кабината и чешмите, поради вишокот минерали што се наоѓаат во тн. тврда вода, па тие тврдокорни дамки може да бидат доста тешки за чистење.
Но, како совет, „тиктокерката“ посветена на домашната чистота, Мерилин сподели видео и порача: „Животна лекција… Втријте восок од свеќа на Вашата славина. Водата веднаш ќе исчезне. Нема повеќе дамки од тврда вода“.
На снимката се гледа како таа ја трие славината со обична свеќа. Потоа само го одмива восокот со чиста вода, истакнувајќи дека овој трик успева секогаш, и оти чешмата неизбежно останува олку сјајна и беспрекорна.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...