И оваа година Грција останува омилена туристичка дестинација за многумина, а меѓу поубавите места се издвојува островот Миконос. Освен добра забава и преубави плажи, сепак таму може да ве дочека и непријатно изенадување.
Девојка по име Кејт, на ТикТок откри дека доживеала шок кога нарачала риба во еден локален ресторан, која всушност била од „луксузна“ сорта.
„Купив фустан денес на Миконос и фустанот беше поевтин од рибата која вчера ја јадев за ручек. На прв впечаток, се чини дека тоа е прилично рационално купување, но ако ви кажам дека рибата која вчера ја јадев чинеше 616 евра…Дали знаев дека чини 616 евра? Не, бидејќи не гледав во менито затоа што се водев по препорака. И тоа беше мојата прва грешка бидејќи луѓето тука се љубезни и прекрасни, храната беше превкусна. Тоа е искуство кое би го повторила повторно и повторно, со предупредување дека би прашала колку ќе чини сето тоа, бидејќи не сум порасната на такви места, па дури ни сега како возрасна не одам често на такви места. Ова беше голема лекција за мене“, вели Кејт во видеото.
После сѐ, Кејт се пошегува на своја сметка:
-Морам да кажам дека рибата беше апсолутно превкусна и одлучивме дека таа мора да има име, бидејќи кога чиниш толку многу, заслужуваш име. Така ние својата риба ја нарекоме „Злато“ најмногу поради тоа што за таа сума може да купите злато – додава Кејт во својата објава.
Како што истакна, нејзината намера не била да се фали, туку да ги предупреди останатите за цените, бидејќи ако не се информираат може да им се случи вакво непријатно изненадување.