Денеска преку видео врска сведочеше малолетниот осомничен за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ Коста К.
За „Информер“ неговата адвокатка, Ирина Боровиќ изјавила дека Коста К. при сведочењето рекол дека се кае.
-Денес е сослушн Коста К., беше детално испрашуван за сите околности кои можеби се важни за откривање на причините поради кои сето ова го направил. Она што можам да го кажам е дека го потврди она што таткото го објасни за чувањето оружје. Било апсолутно обезбедено. Не можам да кажам детали како дошол до оружјето, но тоа денеска го потврди. Исто така, првиот контакт со оружје не го обезбедил неговиот татко, како што се шпекулираше во медиумите. И денеска изрази каење за тоа што го направил – рекла адвокатката.
На рочиштето присуствувала и адвокатката Зора Добричанин, која го застапува семејството на жртвата, но не сакала да го коментира рочиштето.
-Тоа е единственото нешто што можам да го кажам. Не сакам да ја попречувам истрагата – изјавила адвокатката.