Само три дена по убиството и масакрирање на телото на трансродното лице Ноа Миливојев (18), во Белград се случи нова трагедија кога четиригодишно дете е нападнато од куче кое му го распори стомачниот ѕид, јави дописникот на МИА од Белград.
Нападот се случил во белградската населба Сремчица каде кучето му го скинало стомачниот ѕид на четиригодишното дете. Родителите го однеле детето во детската клиника во Тиршова каде било оперирано.
-Имаше многу брутален напад над четиригодишно дете, кучето со забите му го откорна абдоминалниот ѕид и од телото му беше извлечен дел од 12-палечното црево, изјави д-р Александар Стијачиќ од Итната помош.
Таткото веднаш го ставил детето во автомобил со мајката, повикале Итна помош и педијатарот детално и објаснувал на мајката што да прави – да извади се што има на себе, да го втурне во раната, за да го спречи крварењето.
-Детската клиника во Тиршова беше алармирана да подготви хируршка сала. Немаше причина санитетот да ги пресретне, тоа ќе беше губење на време, детето веднаш влезе во процедура за операциона сала и по повечасовна операција се наоѓа во стабилна состојба и не е животно загрозено, изјави Стијачиќ.
Д-р Стијачиќ апелираше да се биде внимателен, бидејќи напади се случуваат, но ретко толку брутално како овој.